“Снежана на крајот умира” ќе се емитува утревечер

31

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, утре (9 февруари, 2023 година), со почеток во 19 часот, ќе го емитува македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристевски. Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 100 денари, а можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 08 до 15 часот и пред почетокот на емитувањето на филмот.
Во сценариото се раскажува за седум луѓе кои живеат во време и простор и се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ? вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.