сабота 27 јули, 2024
Почетна КУЛТУРА Театар Српската хит-претстава „Индиго“ гостува во Скопје

Српската хит-претстава „Индиго“ гостува во Скопје

1251

На 13  април (сабота) од 19 часот во Домот на Арм пред скопската публика ќе биде изведена српската хит- претставата „Индиго“ ,во режија на Бранислав Лечиќ  текст ,по текст на Душко Премовиќ.

Главните улоги ги ги играат Бранислав Лечиќ Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ. Драмата „Индиго“ е приказна за положбата на жените во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели ..неостварени желби и амбиции. Две дами, Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија долги години, не знаејќи една за друга ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Двете се чуствуваат изгубено, осамено и исцрпено.

По многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се поддржуваат една со друга, за да ги пребродат нивните проблеми. Во најубавите моменти се разделуваат. Бела останува сама, се додека не се појави маж (Бранислав Лечиќ) во нејзиниот живот, домар и екс-затвореник, кој ја вади од магичниот круг на и, и нуди брак.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }