Доделени наградите на “Џифони”

7
11 октомври 2022:  „Летото кога научив да летам“, српско-хрватско- бугарска копродукција во режија на Радивоје Андриќ, полскиот„Враќање во тие денови“ од Конрад Аксинович и
италијанско/ белгискиот „Смена“ од Алесандро Тонда ги освоија срцата на јуниорите, кадетите и сениорите на „Џифони Македонија“ годинава, кои ги прогласија за најдобри игранифилмови во секоја од трите категории.
Полскиот режисер Аксинович беше присутен и лично ја прими  наградата во киното „Милениум“, каде што беше затворено 10.
издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Салата ја наполнија млади креативци кои
изминатите шест дена во Кинотеката и во Младинскиоткултурен центар создаваа свои дела. Синоќа беше прикажано
резиме на најубавите моменти од креативните работилници, а дел од учесниците настапија и во живо.
Во категоријата краток филм јуниорите го избраа канадскиот „Клара ја нема“, кадетите италијанскиот „За Алма“, а
сениорите – „Карле“, исто така од Италија. За најдобар анимиран филм беше прогласен канадскиот „Ветриштата
веат“, а беа избрани и најдобрите остварувања во категориите за студентски играни и анимирани филмови.
Најсреќни вечерта беа првите двајца претставници на десетчлената група учесници кои ќе ја претставуваат
Македонија на следното издание на „Џифони Италија“ во јули 2023 година: Теодор Митиќ, од категоријата јуниори и  Летиција Кондратенко, од кадетите.
Секоја година десетина учесници на „Џифони Македонија“  имаат можност да нѐ претставуваат во Италија, а селекцијата  се прави во консултација со поранешните наши претставници 
на италијанското издание – посочуваат од „Џифони Македонија“. 
– Претставниците се избираат меѓу оние кои биле најактивни на фестивалот, на дискусиите и на работилниците, но се 
земаат предвид и други фактори, како на пример долгогодишно учество, гостопримство на гостин од странство 
и учество на другите активности што ги организираме преку целата година. Секоја година имаме многу активни учесници исе трудиме сите тие да добијат можност да отпатуваат во Италија или на другите фестивали со кои соработуваме, вели организаторот 10. јубилејно издание на Фестивалот „Џифони Македонија“ 
беше поддржано од: Агенцијата за филм на Северна Македонија, Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Италија, 
Амбасадата на Италија, Град Скопје, Младинскиот културен центар и Кинотеката, Амбасадата на Швајцарија, Институтот за комуникациски студии, како и брендовите Роса, Дивела, 
Макдиа, Европорц, Ресторан Џино, Спицикото, Холидеј Ин, Глеј.мк и многу други.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.