Филмот „Брат ми брка диносауруси” денеска и утре во Охрид

150

Филмот за најмладата публика „Брат ми брка диносауруси”, кој беше победник за Наградата на младата публика на Европската филмска академија во 2020 година, денеска и утре (24, 25 ноември) се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев”- Охрид, во терминот од 18 часот.

режија: Stefano Cipani
улоги: Alessandro Gassmann, Isabella Ragonese, Rossy de Palma, Francesco Gheghi

премиера: 10.7.2021
времетраење: 101′
земја: Италија, Шпанија
жанр: Комедија, семеен

Џек отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра и кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аијана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни.
Награда за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.