Ќе се снима играниот филм „17“

29

По повеќемесечни темелни подготовки, овој четврток, 25-ти април, “Црна Мачка Продукција“ ќе го означи почетокот на снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов “17“, дебитантското долгометражно остварување на Косара Митиќ.

„17“ жанровски се дефинира како coming – of – age филм. Инспириран е од вистински настан и обработува тема посветена на младите во нивните критични тинејџерски години, кога тие се најранливи и под постојан притисок да се вклопат во средината и кога донесените одлуки може да остават длабока трага во нивните животи.

Филмскиот проект “17“, „Црна Мачка Продукција“ го реализира во копродукциска соработка со „Арт & Покорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, со поддршка од „Агенција за Филм на Република Северна Македонија“, „Филмскиот Центар на Србија“ и „Словенечкиот Филмски Фонд“. Филмската екипа која е ангажирана на проектот е составена од професионалци од трите земји копродуценти. Снимањето на филмот ќе се одвива на локации во Скопје и Битола.

Улогите ги толкуваат:

Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Ирена Димеска, Луна Бејков, Христијан Ристески, Алина Христовска, Даме Јовески, Јован Тодоров, Мина Јелушиќ, Тодор Стојковски, Иво Јездиќ, Ана Стојановска, Жаклина Стевковска, Сашко Коцев и Оливер Митковски.

Авторската екипа ја сочинуваат:

Режисер: Косара Митиќ

Сценаристи: Косара Митиќ, Огњен Свиличиќ

Продуцент: Томи Салковски, Кристијан Буровски

Копродуцент: Мирослав Могоровиќ, Владо Булајиќ и Лија Погачник

Кинематографер: Наум Доксевски

Сценограф: Дејан Ѓоршевски и Александра Чевреска

Костимограф: Жаклина Крстевска

Шминка и фризура: Карла Лазиќ (Србија)

Снимател на звук: Аљаж Лукан (Словенија)

Монтажер: Дејан Смилески

За ЦРНА МАЧКА ПРОДУКЦИЈА:

Црна Мачка Продукција, основана во 2015 година во Скопје, во својот фокус ги има младите таленти. До сега има реализирано неколку долгометражни и кратки играни филмови, прикажувани и наградувани на некои од најзначајните филмски фестивали во светот. „Кошница“ на Блерта Башоли (Големата награда од жирито на Санденс ФФ 2021 година и косовски кандидат за номинација за Оскар за најдобар меѓународен филм што влезе во кратката листа од 15 филмови) и „Би ја погледнала“ (2019) од Горан Столевски, добитник на Наградата на жирито за краток филм: Меѓународна фикција на 34 години на Санденс ФФ. За производство на „Фрост“ во компанијата се приклучи Томи Салковски. Личните продуценти на Салковски вклучуваат наслови како „Три дена во септември“ (2015) од Даријан Пејовски, „Само човек“ (2021) и „Соба со пијано“ (2013) од Игор Иванов.

За КОСАРА МИТИЌ, Режисер:

Косара Митиќ е родена 1987 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек филмска и ТВ режија во 2013 година во класата на проф. Столе Попов. Досега режирала неколку кратки филмови, меѓу кои ЦРВЕНАТА СОБА (2016), РОДЕНДЕН (2015) и НАМИНИ БАР ЕДНАШ (2013) кои биле прикажани на повеќе од 20 фестивали ширум светот.

За ОГЊЕН СВИЛИЧИЌ, Косценарист:

Огњен Свиличиќ е наградуван хрватски режисер и сценарист, познат по филмовите „Да ми је бити морски пас“ (2000), „Опрости за кунг-фу“ (2004), „Армин“ (2007), „Таква су правила“ (2014), „Глас“ (2019). Неговите филмови се прикажани на фестивали како Берлин и Венеција и има добиено повеќе странски и меѓународни награди. Често работи како сценарист за други режисери, а има напишано сценарио и за неколку популарни хрватски серии. „Главата на големата риба“ е неговиот прв роман.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.