Премиера на филмот “Планина на смртта”

80

Од утре филмот „Планина на смртта”(Cloudy Mountain) во режија на Ли Јун ќе започне да се прикажува ширум кината во земјава. Дали таткото и синот ќе успеат да го претркаат времето и да го спасат градот од неизбежното уништување? Погледнете ја новата акциона авантура која во домашните кина доаѓа од Далечниот исток. 

Таткото и синот ќе се обидат да го сочуваат нивниот град и и новоизградениот тунел од природните катастрофи.

Филмот е во режија на Ли Јун, додека пак во главните улоги се појавуваат актерите Ји Лонг Зу, Зи-Зонг Уанг и Шу Чен. 

Првите филмски критики го карактеризираат како интересен, возбудлив и освежувачко искрен филм, додека пак интересот беше насочен кон напорниот тренинг на актерите Ји Лонг Зу и Зи-Зонг Уанг кои еден месец вежбале на ѕудот за искачување со професионални инструктори со цел колку што е можно поуверливо да ја доловат спецификата на катастрофата.

Приказната на филмот, со која публиката може да се поистовети е скромноста и личната заложба, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не некој странец со супермоќи, туку самата природа. По долги години, публиката на својот кино-реперотоар  може да го пронајде ново кинеско филмско остварување, што од утре, 16 јуни, ќе започне да се прикажува.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.