ТАНЦ: “Мистик” триумфираше во Белград

32

Танцовото студио „Мистик“ ја претстави Гевгелија во најдобро светло, освојувајќи 6 награди- први места на International Dance Open Белграде 2023 година. Имено, во сите 6 категории на кои учествуваше, „Мистик“ со 37 члена, двајца солисти и три групи меѓу 3.000 натпреварувачи од девет земји ги понесе првите награди.
Задоволен од постигнатите резултати, кореографот Александар Аврамов истакна:
-Ова е заеднички успех на сите и е едно од поуспешните учества на нашето студио на некое натпреварување. Особено сме горди на двете учества на Гала настанот и се надеваме дека во
блиска иднина ќе се најдеме и на пиедесталот.
International Dance Open е еден од најголемите танцови натпревари во Европа за танчари од сите нивоа и сите возрасти во танцови стилови. Целта на организацијата е да ги собере младите, талентирани танчари за време на натпреварите. Потоа, победниците се промовираат преку социјалните мрежи, како совршен начин да се стават во центарот на вниманието на јавноста.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.