Театар Комедија ја започнува 2022 со хитот ,,Вечера за глупаци”

132

НУ Театар Комедија еден од најпосакуваните театри во државата ја започнува 2022 година во полна пареа. Иако во време на пандемија театарот не застанува со својата работа.
Како што информираат од управата театарот зад себе има успешна година,но оваа година во која ќе биде одбележана една деценија од постоењето на театарот ќе следуваат нови премиери, гостувања, учества на фестивали, реализација на фестивалот Гола месечина, како и низа новости кои ќе бидат во знакот на десетиот роденденот на Театар Комедија.
Оваа година е година на јубилеј и се започнува со хит комедијата “Вечера за глупаци” во режија на Ирена Стеријоска чија премиера беше во 2020 година.Во претставата играат: Атанас Атанасовки, Тино Костадиновски, Илија Илијоски, Јаков Спасов, Столе Мицов, Ема Давчева и Тони Денковски.
Според параметрите на следење на мислењето на публиката, односно побарувањето на билети, оваа претстава е една од најпосетените и претстава која го покажува квалитетот кој треба да се негува во театарот.
Претставата во 2021 година учествуваше на два реномирани фестивали во државата, МТФ Војдан Чернодрински- Прилеп и Фестивалот Охридско лето.
Иако во време на пандемија со ограничен број на публика, според протоколи за настани во затворен простор, во театарот овој месец покрај претставата “Вечера за глупаци” , публиката ќе има можност да ги види претставите “Грдиот” и “Клетвата на Скопје”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.