„Отворен ден” на „ Денот на ослободувањето на Битола”

42

-Културен и информативен центар – Битола се приклучува кон прославата на 4ти – Ноември „ Денот на ослободувањето на Битола”. По тој повод Ве покануваме на првиот „Отворен ден” во Офицерски дом, Сабота 05.11.2022 од 09 до 21 часот – . Конечно битолчани и сите останати посетители ќе можат да уживаат во најубавиот и најпрепознатливиот културно – историски споменик во Битола. Спомени се будат, битолчани љубопитно прашуваат, ѕиркаат кон Офицерскиот дом. Речиси да нема некој кој не споделува спомен со ова прекрасно здание. Време е, да ја задоволиме љубопитноста на битолчани и сите добронамерници. Знаеме дека ќе Ве има во голем број, а ние ќе се потрудиме да бидеме достојни домаќини, велат Културен и информативен центар Битола.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.