Со претставата „Странци“ завршува 54. издание на „Војдан Чернодрински“

743
Со претставата „Странци“ на Драмски театар од Скопје вечер завршува официјалната програма на 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 11 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ под наслов „Сонот на модерната драма“ ќе биде презентиран Македонскиот центар на ИТИ.

Утре на пладне, на последниот фестивалски ден, жирито во состав Бедија Беговска, Маја Вељковиќ Пановска и Љиљана Богојевиќ ќе ја соопшти одлуката која претстава е најдобра.

Утревечер ќе бидат доделени наградите, како и нововостановената награда на публиката која првпат гласа по секоја претстава.  Во чест на наградените ќе биде одиграна претставата „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јанакијевиќ, а во изведба на МНТ од Скопје со што ќе биде спуштена завесата на годинашниов МТФ „Војдан Чернодрински“.

Фестивалот донесе осум претстави во трказа награди, шест претстави во придружната програма, промоции на театарска литература, презентации, промовирани признанија за преводи. Вниманието го привлекоа трибината „Ова е наше време, време за театар“, што е и слоганот на Фестивалот, а отворено проговори за состојбите во македонскиот театар, за драмските автори, односот спрема фестивалите, како и обновените по 20-ина години Разговори на тркалезната маса на критиката по секоја одиграна претстава во официјалната програма.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.