Театарот за деца и младинци во месец јуни на фестивали во Прилеп и Дебар

585

Театарот за деца и младинци, во недела на 2 јуни, ќе биде гостин на театарскиот фестивал „СИЛЈАН ШТРКОТ” што се одржува во Прилеп, со претставата „Грдото пајче”, во Режија на Деан Дамјановски,  Театарот за деца ќе биде гостин на првото издание на овој театарски викенд, посветен на детскиот театар.

Пред почетокот на летото, на ден  06.06 .2019 , нашиот театар ќе гостува и на театарскиот фестивал  ,, ДЕБАРСКА КУКЛА ”  во Дебар со претставата ,, Дванаесетте месеци ” во режија и текст на  Петар Пашов .

На  11.06.2019  Театарот за деца и младинци ќе гостува и на театарскиот фестивал  „Војдан Чернодрински“ со претставата  ,,Том Соер ” во Режија на Деан Дамјановски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.