Театарската група „Мирка Гинова“ од Демир Капија со „Ноќите во бел сатен“ ќе гостува во Гевгелија

159

На 17 декември, 2022 година, со почеток во 19 часот, во Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија,  ќе гостува театарската група при ЈОУ Дом на култура „Мирка Гинова“ од Демир Капија со театарската комедија „Ноќите во бел сатен“. Билетите за претставата чинат 100 денари, а од денес билетите ќе бидат пуштени во продажба, во просториите на Народниот театар.Претставата е во режија на Томе Арсовски, а улогите ги толкуваат: Дарко Сакалиев, Крсте Мелов, Томе Атанасов, Анита Младеновиќ и Димче Бањански.  Инаку, „Ноќите во бел сатен“, драмски текст на Братислав Димитров, е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.