Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола

130
Во Битола денеска и утре се одржуа Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. Темата на форумот е „Креативните индустрии – мост на иднината меѓу културата и креативната економија / Ковид-19 предизвици“.
 За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Сиднеј, Галвеј, Чјингдао, Бусан, Тераса, Брадфорд, Потсдам, Сараево, Софија, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм.
 Форумот е поддржан од УНЕСКО преку Министерството за култура на Република С. Македонија во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.