Утревечер проекција на „The Way of Clave“ во кино „Култура“

402

Танчари и музичари од различни страни на светот, се сплотуваат преку универзалниот ритам – клаве. Приказната е раскажана преку ликот на Техамана, која преку оваа шанса го бара патот назад до она што била нејзината суштина – музиката.

Филмот ја прикажува 8-месечната културна размена помеѓу филмски творци од МакеДокс, ромски музичари и главните танчари од Dallas Black Dance Theatre. Документарниот филм ја следи нивната креативност и интеракции во двете земји, додека тие учат за афро-американската историја и танц, како и македонското и ромското наследство и музика. Танчарите и музичарите го сочуваа и интерпретираа ова наследство преку изведби на специфични локации во двете земји. Филмските творци ја снимаа и следеа нивната креативност и интеракции во двете земји, кои резултираа со среднометражен креативен документарен филм: „The Way of Clave“.

Проекцијата ќе биде симултана со проекцијата во Далас и проследена со синхронизирани прашања и одговори со учесниците од МакеДокс и ДБДТ на платно.

„Ширење видици“ е партнерски проект меѓу МакеДокс и Dallas Black Dance Theatre, создаден со цел афроамериканските танцувачи и македонските филмски творци да го истражуваат и зачуваат афроамериканското и ромското културно наследство преку продуцирање на креативен документарен филм за танц. Филмот ќе ги открие културолошките сличности, ставајќи акцент на искуствата на етничките малцинства во општеството.

Проекцијата ќе почне во  20.00 ч., во Кино Култура на 20.јули (сабота)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.