Успешно учество на пичинг форум на филмот “Железен човек”

25
AGORA / THESSALONIKI PITCHING FORUM

Долгометражниот документарен филм со работен наслов “Железен човек”(Ironman), во продукција на ОПИУМ ФИЛМ од режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов успешно беше претставен на пичинг форумот, дел од 25.Интернационален Фестивал за документарни филмови во Солун (25.Thessaloniki International Documentary Film Festival), којшто се одржа од 2-12.03.2023 година. По интензивната програма на која беа претставени 14 проекти од 21 земја од целиот свет, проектот имаше можност да биде и дел од Agora маркетот каде што продуцентите имаа можност да остварат состаноци со голем број на потенцијални копродуценти, дистрибутери, тв бродкастери, сејлс агенти и други филмски експерти. На состаноците проектот “Железен човек”, доби огромен интерес од страна на присутните продуценти и позитивна критика од меѓународните филмски професионалци.
Филмот е за пензиониран полицаец од Скопје кој што во изминатите 15 години се обидува да направи машина што ќе произведува бесплатна енергија, без никаков влог на друга енергија, со цел да го спаси светот од глобалното затоплување.
Во изминатите четири години филмот е развиван на повеќе пичинг форуми, работилници и претставен на филмски маркети низ европа, од каде што секогаш добивал исклучително позитивни реакции и предизвикувал внимание како филм со голем интернационален потенцијал.
Долгометражниот документарен филм со работен наслов “Железен човек” е во продукција на ОПИУМ Филм и е поддржан од Агенција за филм.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.