ВЕЧЕРВА ВО ОПЕРА И БАЛЕТ: „Молитви на моето тело“ во чест на Ацо Шопов

30

Премиера 20.12.2023, 20.00 часот

Реприза 22.12.2023, 20.00 часот

19.30 часот / Фоаје на НУ Национална опера и балет
Свечено затворање на јубилејот – повод 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов
„Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.
90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од балетските првенци, солисти и ансамблот на Националната опера и балет.
НУ Национална опера и балет за 2023 година не само што се вклучи во чествувањето на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, туку преку претставата ,„Молитви на моето тело“ ќе го заокружи овој јубилеј. Поезијата на Шопов односно истоимениот циклусот поезија ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници.
Со овој чин, НУ Национална опера и балет се вклучува во останатите настани кои ќе бидат организирани на национално ниво и од страна на UNESCO во чест на македонскиот поет по повод 100-годишниот јубилеј во 2023 година.

Креативен тим:
Идеја за проект и костимограф: Александар Ношпал
Драматург: Соња Здравкова- Џепароска
Кореографи: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова
Композитори: Дарија Андовска, Александар Гроздановски, Александар Пејовски
Сценограф: Михалјо Стојановски
Визуелен уметник: Флоријан Чанга (Р. Албанија)
Монтажа на филм: Доријан Миловановиќ
Мултимедија и графички дизајн: Лазе Трипков
Поетско читање: Никола Ристановски
Асистент костимограф: Ангела Богеска
Светло: Јакуп Јакуп, Нино Митевски, Перо Марачков

Повеќе информации на: www.operabalet.mk

Билети на билетарница: 078 426 536 и 02 3118 451

Онлајн: www.operabalet.mk

АЦО ШОПОВ
:

–Eден од основоположниците на современата македонска поезија;
-Автор на првата збирка Песни (1944) на македонски јазик во слободна Македонија;
-Претседател на Друштвото на писателите на Македонија;
– Прв претседател на Советот на Струшки вечери на поезијата;
-Претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија;
-Претседател на Сојузот на писателите на Југославија;
-Член на МАНУ;
-Член на Македонскиот ПЕН центар;
– Основач и прв директор на издавачката куќа “Кочо Рацин”;
-Aмбасадор на СФР Југославија во Сенегал;
-Претседател на Републичката комисија за културни врски со странство;
– Носител на Партизанска споменица 1941;
-Одликуван со “Орденот за храброст”, “Орденот братство-единство од I ред”, “Орден на Републиката со сребрен венец”, “Орден на трудот со црвено знаме”, “Орденот за заслуги за народ со златна ѕвезда”;
Добитник на наградите “11 Октомври”, “АВНОЈ”, “Кочо Рацин”, “Браќа Миладиновци”, “Змаевите детски игри”;
– Во негова чест се доделува највисоко поетско признание на Друштвото на писателите на Македонија.

100 години од раѓањето на великанот на македонската книжевност –

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.