Вечерва Фестивал на поезија за деца „Стихувалки“ во Салон 19,19

1051

 

Проектот Фестивал на поезија за деца (СТИХО – ФЕСТ)„СТИХУВАЛКИ 2019“, по втор пат се реализира како литературна манифестација која годинава сама по себе почна да станува меѓународна, затоа што на конкурсот аплицираа автори од соседните држави кои ги испратија своите поетски творби на својот мајчин јазик со превод на македонски јазик.

Минатата година, а се надеваме и оваа, се покажа дека со реализацијата на овој проект се овозможува промовирање на млади,неоткриени или неафирмирани автори кои творат поезија наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст, како творечка продукција која е дефицитарна кај нас и создавање нова литературна продукција во областа на литературата за деца,велат организаторите кои се и учесници на Фестивалот Ели Маказлиева, проф.др.Христо Петревски ,проф.др.Кристина Николовска.

Под водителство на Александра Велинова Фестивалот ќе се одржи вечерва 22 мај од 18 часот во Салон 19,19.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.