Влада Урошевиќ и Гевин Бредли, лауреати на СВП 2023

27

(фото: Википедија)

На 21 март 2023 година, во НУБ „Св. Климент Охридски“, се одржа настан, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ заеднички организираа свечен настан по повод 21 март, Светскиот ден на поезијата и одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Во рамките на Програмата беа прогласени лауреатите – Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец“ на СВП за 2023 година, а ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е годинешниот добитник на наградата „Мостови на Струга“,
По прогласувањето на лауреатите на СВП беа прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по кои следува поетско читање од истакнати поети-членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија. Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, како Година на Ацо Шопов, беа прочитани песни од Ацо Шопов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.