Во петок, 30 октомври -Конференцијата „Историја, сеќавање и книжевност”

481

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет во Битола, АЛДА Скопје и Програмата за мир на регионот Нормандија, организира еднодневна онлајн научна конференција на тема Фронтот во Првата светска војна.

Конференцијата носи наслов „Историја, сеќавање и книжевност” и ќе се одржи преку платформата на Zoom, в петок, 30 октомври 2020, од 10 до 14 часот.

Главните тематики ќе бидат последиците од Првата светска војна врз општествата во Франција, Германија и на Балканот, процесот на помирување и воспоставување мир во 20-те години на минатиот век и присутноста на оваа војна во книжевноста.

Во вториот дел од конференцијата, присутните експерти ќе имаат излагања на тема помирување во современ контекст.

Во рамките на настанот ќе биде презентирана и изложба на фотографии насловена „Фронтот во Првата светска војна во минатото и денес” од авторите г-дин Александар Стојчев, Директор на Воениот музеј, и г-дин Емануел Рембер, Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и Директор на Францускиот институт во Скопје, којшто воедно ќе биде и модератор на научната конференција.

Учесници на научната конференција се:

  • Проф. д-р Ана Димишковска, Професорка на Филозофскиот факултет во Скопје ;
  • Проф. д-р Далибор Јовановски, Шеф на Катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје ;
  • Г-дин Александар Стојчев, Директор на Воениот музеј ;
  • Г-дин Петар Тодоров, историчар во Институтот за национална историја ;
  • Проф. д-р Горан Илиќ, Декан на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски” ;
  • Проф. д-р Елена Тиловска-Кечеги, Продекан за настава на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски” ;
  • Г-дин Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата во Битола.

За да се добие линк на Zoom со цел следење на конференцијата, потребна е регистрација на следниот мејл  [email protected] .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.