Во трката за награди на „Киненова“ 2019 се седум филмови, а наградите ќе бидат доделени вечерва

1149

Со доделување награди, вечерва ќе заврши официјалниот дел од програмата на фестивалот посветен на дебитантски филм „Киненова“. На годинешното издание  се натпреваруваат седум филмови, кои се први или втори остварувања на режисерите.  а се борат за наградите: за најдобар дебитантски филм, најдобар режисер, најдобро сценарио и за специјална награда од меѓународното жири. Тоа се филмовите :Сожалување“ режија Бабис Макридис, „Човекот кој ги изненади сите“ сценарио и режија: Алексеј Чупов, Наталија Меркулова, „Алекси“ сценариот и режија Барбара Векариќ, „Љубовен автомобил“, сценарио и режија Елке Маргарете Леренкраус, „Сократес“, сценарио и режија Алехандре Морато, „Прасето“, режија Драгомир Шолев.

До 13 октомври ќе бидат прикажани филмови од другите фестивалски програми. Во следните неколку дена ќе има проекции од унгарската кинематографија, како и повторно прикажување на филмот „Медена земја“ на 13 октомври во 18 часот.

Претседател на жирито што ќе одлучува за годинешните фестивалски награди е истакнатиот руски документарист Витали Мански, кој е еден од најконтроверзните светски филмски автори.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.