Македонски јазик во училиштата во Италија

14
Foto: RTL / Pixabay And

Македонски јазик ќе се изучува во училиштата во Италија, во градовите каде има најмногу Македонци, предвидува пилот-проектот како дел од петтата Програма за соработка на полето на културата, образованието и науката меѓу  Македонија и Италија.

Амбасадорот на Италија Андреа Силвестри, како особено значајни, ги истакна културните проекти реализирани меѓу двете земји, а најави дека ќе биде организирана и Недела посветена на италијанската кујна, која има културна вредност, препознаена и од УНЕСКО.

Силвестри додаде дека во тек е и Неделата на италијанскиот јазик во светот, којашто започна во понеделникот и е посветена на италијанскиот јазик што го говорат младите.

Програмата ќе се одвива  до 2025 година, ќе придонесе за продлабочување и зацврстување на комуникацијата, размена на искуства и афирмација на вредностите на двете земји, како и поволности за младите преку стипендии и размени.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.