„Финансиски криминал и перење пари“-нова книга за справување со финансискиот криминал

345

“Успешните луѓе се градат едни со други. Тие се мотивираат, инспирираат и си помагаат едни на други.
Неуспешните луѓе мразат, обвинуваат и се жалат”. Со оваа изрека авторките – д-р Бузлевски Билјана и д-р Наташа Георгиева ја отпочнуваат нивната стручна книга – „Финансиски криминал и перење пари“.

Книгата „Финансиски криминал и перење пари“ од авторките д–р Наташа Георгиева и д-р Билјана Бузлевски, е напишана на јасен, прегледен, аналитички лесен, систематски и разбирлив стил.
Во материјалот кој третира една мошне суптилна проблематика, се почитуваат академските стандарди во поглед на стилот, наведувањето на изворите и илустрирањето на текстот со релевантни податоци прикажани во шеми, графички прикази и слики.
Во содржината на оваа книга се опфатени основите на финансискиот криминал, поимот и дефинирањето на перењето пари, перењето пари како глобален проблем, фазите и шемите на перење пари, истражувањето на случаи со перење пари – организација, планирање и спречување тајни операции, процесот на развивање на случај на перење пари, поимот, причините и факторите за корупција, типовите и видовите корупција, историскиот развој на корупцијата, причините за постоење на корупција, последиците од корупцијата, борбата против корупцијата, коруптивните кривични дела и нивно откривање, поимот и дефинирањето на тероризмот, историскиот развој на тероризмот, видовите тероризам, современите форми на тероризам, причините за тероризам, финансирањето на тероризмот, потребите на терористичките групи, истрагите во финансирањето на тероризмот, последиците од тероризмот, обезбедувањето финансиски информации, истражувањето на сомнителни трансакции и пренесување пари, истражувањето и докажувањето на финансиски криминал.
Книгата покрај тоа што нуди теоретско познавање од областа на финансискиот криминалтаа исто така нуди и примери преку кои на читателот му се даваат пошироки можности да се запознае реално со проблемите кои се последица од финансискиот криминал.
Книгата е конципирана како основен универзитетски учебник за потребите на студентите од областа на безбедноста, но и за студентите од другите факултети особено од областа на економијата.
Овој текст може да го употребуваат и дипломираните студенти, како и секое друго лице кое сака да се запознае со оваа проблематика.
Овој ракопис претставува стручно–научно и педагошко дело изработено со одговорност, сериозност и точност.
Учебникот би бил важен извор за запознавање на сите заинтересирани читатели од областа на финансискиот криминал.
Проблемот на справувањето со финансискиот криминал детално и прегледно е образложен преку научна дескрипција и елаборација на основните и суштинските карактеристики.
Имајќи ја судбината или среќата да живееме во време на големи општествени промени, односно турбуленции, многу често придвижени или детерминирани од општествени феномени како што се перењето пари, корупцијата, тероризмот…човек не може да остане рамнодушен кон можноста за подлабоко епистемолошко навлегување во суштината на овие феномени, велат авторките.
Тие, самостојно го финансираат изданието.
Рецензенти: Д-р Муазем Халили
Лектор: Ирена Игњатовска
Обработена тематика на 204 страни
Печати: ГРАФОДЕН
Тираж: 50 примероци.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.