Почетна ОБРАЗОВАНИЕ ОСНОВНО И СРЕДНО На 27 април: „Млада креативна Битола“

На 27 април: „Млада креативна Битола“

21
За прв пат во Битола, овој четврток на 27.04.23, со почеток во 11.00 часот на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, ќе се оддржи празникот на креативноста „Млада креативна Битола“ на која ќе учествуваат голем број на ученици од основните и средни битолски училишта со свои креативни презентации од областа на поезијата, прозата, ликовната уметност, музиката и бројни други креатции создадени од младите под менторство на нивните професори и наставници.
Овој настан е дел од меморандумот за соработка која КИЦ Битола и претставниците на средните битолски училишта ја потпишаа речиси пред два месеца, а која веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.
metropolis-big