Ученици од “Јахја Кемал” и “Д-р. Панче Караѓозов” ја посетија Спомен куќата на Мајка Тереза

127

Скопје, 29.12.2022 година
Вчера, ученици членови на литературната и ликовната секција од Ученичкиот дом при СМУГС “Д-р. Панче Караѓозов”,заедно со професорките Катерина Митковска и Вера Чорниј Мешкова присуствуваа на ликовната изложба “Мироносно цвеќе на пријателството” на ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин на улица Македонија пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Присутни беа и учениците од ПСУ “Јахја Кемал” и нивната менторка проф. Николина Јошевска каде покрај заедничкото дружење учениците се претставија со свои литературни творби за Мајка Тереза и хуманоста воопшто.
На покана на директорот на Спомен куќата Мајка Тереза, Насер Цури учениците ја посетија и Спомен куќата каде кустосот им го претстави целиот животен пат на Мајка Тереза а Цветин им подари од своите прекрасни слики.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.