Младинска мобилност за јакнeње на претприемништвото и на стручното образование

17
Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење 14.10.2022 година, во 10 часот,
со промотивен настан во Europe House Skopje, со фокус на важноста на меѓународни програми за мобилност за развој на претприемнички вештини, зајакнување на учење засновано на пракса и градење капацитети на наставниот кадар и учениците во стручното образование и обука (СОО).
На настанот млади претприемачи, ученици, како и професори ќе споделат лични искуства со кои се стекнале во текот на престојот и обуката во странство. Проектот Еразмус за млади претприемачи нуди можност за меѓународна соработка меѓу нови и искусни претприемачи со цел зајакнување на претприемачките вештини и споделување знаење за основање на нови бизниси. Преку проектот ИНТЕРВЕТ Западен Балкан, реализирани се 3 едномесечни мобилности за ученици од СОО во Шпанија, Франција и Италија, и 4 мобилности за наставниот кадар од СОО во Шпанија, Франција и Холандија, со што се промовира култура на учење во компании преку мобилности и подобрување на компетенциите во стручното образование и обука. На настанот ќе биде најавен нов повик кој ќе овозможи учество во овие програми за 10 ученици во Шпанија и исто толку во Полска.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.