Уметничко- научно соаре на Проф.д-р Ванѓа Радевска

113

Два дена по ред, на 4 и 5 декември, професорката д-р Ванѓа Радевска од Скопје, одржа предавања со уникатна програма, кои наликуваа налик на уметничко- поетско- научно соаре, во временскиот премин меѓу денот и ноќта- првото во Културниот центар “Ко- Ра”, второто во “Спомен собата на Мајка Тереза”.
Почитиваната универзитетска професорката, во нејзината научна анализа за човековите особености, презентираше свои научни видувања за дваесеттина актуелни македонски поети, објаснувајќи ги со опис, збор или констатација, а одбрани поети читаа стихови и дела од поетите кои професорката ги обработуваше во своето излагање, а поетесата Лидија Лучко Јеремиќ беше назначена за Кралица на поезијата.


На второто предавање Радевска на уметникот Живко Поповски Цветин му врачи писмо од нејзината ќерка Катерина, поточно преведена на влашки јазик содржината на писмото кое Цветин на времето го добил од Мајка Тереза.

Целокупното дводневно научно предавање од страна на проф. Д-р. Ванѓа Радевска беше под наслов “Особености на мисловни операции кај мали школски деца со ментален дебил”, и всушност беше поддршка на Четврти декември, Денот на лицата со посебни потреби.

Ова беше исклучителен начин да се оддаде важност на лицата со посебни потреби и да се спои со светот на науката и уметноста, преку оригинални творби на македонските креативци.
Во улога на модератор беше проф. Д-р Елеонора Николовска, техничка поддршка Билјана Ѓоревска, а крај сите добија благодарници за својот придонес кон богатата програма, од која што дел беше снимана и прикажана на МРТ, од Редакцијата на програма на влашки јазик.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.