Медиумската писменост влегува во студиските програми

40

На 2 јуни (четврток) во„Александар Палас“ ќе се одржи претставување на високообразовните институции кои ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми.
Факултетите беа избрани на првиот јавен повик на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“, со цел да ги поттикне високообразовните институции да работат со студентите и да ги унапредуваат истражувањата во областа.
Настанот ќе биде проследен со дискусија зошто е потребно да се воведе медиумска писменост во високото образование, кои се клучните компетенции што треба да ги стекне идниот академски граѓанин во дигиталната ера и кои се приоритетите кон кои (треба да) се стреми академската заедница.
На настанот, ИКС ќе ги претстави клучните наоди од истражувањето „Медиумската писменост во студиските програми на универзитетите во Република Северна Македонија“ и ќе го најави новиот академски списание КАИРОС (Kairos: Journal of Media and Communications Review).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.