Ахеолошкиот музеј на Македонија со новина која ги охрабрува лицата со попреченост

813

Археолошкиот музеј на Република  Македонија вчера излезе со информација до јавноста во која ја информира дека, Музејот ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.

Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелирaaт дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници, наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј. Дополнуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.

Прв чекор од овој вид, но многу значаен кој би требало да го следат и другите институции за да може овие лица непречено да се движат низ сите институции низ градот па и државата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.