ДЛУ со изложба “Нови енергии”

40

Друштвото на ликовни уметници на Македонија  под  покровителство на град Скопје, на 12 ноември во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат локал 306, во Скопје со почеток во 12 часот ќе ја отвори изложбата „Нови енергии“. Од оваа година Друштвото на ликовни уметници на Македонија својата програма ја збогатува со ново насловена изложба „Нови енергии“ посветена на младата генерација членови на друштвото.

-Во последните 3 години, во ДЛУМ се зачленија повеќе уметници, штотуку дипломирани на ФЛУ како и од други уметнички факултети. Сметаме дека нив треба да им се даде шанса да сцената на изложбените активности ја прошират со свој иновативен  пристап.   Пропозициите кои се дадени го негуваат новиот истражувачкипотенцијал и примената на мултидисциплинарност и интермедијалност. Во современите текови на аналитичката уметност младите имаат идеи и теми за кои треба да добијат шанса за презентација и изложување. Така ќе ја помогнеме можноста на откривање на нови  таленти, сериозно посветени млади  уметници, а оваа  изложба ќе биде и нивна отскочна даска за остварување на слободата на изразот – велат оттаму.

На изложбата ќе биде доделена наградата „Нови енергии“ на Ана Трајковска за делото со наслов  “Vicarious”.  Сите љубителите на уметноста ќе може да ја видат изложбата до 22.11.2021 година во работно време на галеријата односно од понеделник до петок од 11 -18 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.