Изложба “Преспа во дневникот на Сирио Гали”

44

ден 6 декември 2022 година во изложбениот салон на Домот на култура „ Драги Тозија“ Ресен (Сарај) во 18 ч. ќе биде организирана изложба на фотографии „Преспа во дневникот на Сирио Гали“.
Настанот ќе биде збогатен со учество на византискиот хор „Св.Ахил Преспански“ од Ресен, литературно читање на учениците од УЦСО „Цар Самоил“ Ресен и доделување награди од литературниот конкурс „ Св. Климент Охридски- прв македонски духовник, учител и книжевник”.
Сирио Гали бил италијански војник, уметник, публицист, графички дизајнер кој во периодот 1940-42 година учествувал во воените активности во Македонија (Преспа) и Албанија од страна на партизанските групи. Своето воено искуство го забележува во дневник, надополнет со фотографии од луѓе, настани, свадби, обичаи, секојдневниот живот на нашите луѓе. Во 1945 година се враќа во родната Италија.Неговиот дневник се наоѓа во архивата на Националниот дневник на Пих Санто Стефано. Благодарение на неговатата ќерка Лорета, која ја подарува неговата сиво – зелена тетратка заедно со фотографии и други белешки на нејзиниот татко од престојот во Македонија и Албанија, во 2019 година во Воениот музеј во Роверто е отворена изложбата посветена на Сирио Гали. Овој дневник е извонредна етнографска збирка за Преспа, секојдневниот живот, работата на поле, пејзажи, слави и свадби сите уредно запишани со датум, локација, имиња и презимиња во периодот на Втората Светска војна.
Можеби некогаш ќе имаме можност да ја видиме оваа изложба и во нашиот музеј, што би било одлична афирмација на Преспанското културно историско наследство и промоција на културниот туризам.
Сирио Гали е роден 1911 година во Виа Данте, во старото село Каселина е Тори, (Скандичи) во близина на Фиренца. И покрај спротивното мислење на неговите родители, тој се запишува на уметничкиот институт Порта Романа во Фиренца. Во 1925 од економски причини ги прекинува студиите и ја започнува дејноста дизајнер на плакати и декоратор.
„Не може да се јаде со налепници“ беше фразата што му ја повторувале родителите.Оваа активност ќе ја продолжи до 1945 г. компатибилно со прекини поради воени настани.Ќе присуствува и во студиото на Лусио Вена, познат мајстор на уметноста на плакат.
-1932 година- Воена регрутација (1. Гренадиерски полк од Рим).
-1934 година- учествува во кампањата во Источна Африка (Дивизија Гавинана).
-1936 година- Активности како дизајнер и декоратор на порцелан и стакло во Ричард Џинори во Сесто Фиорентино (Фиренца).
-1940 година – Учествува во воени операции на албанска територија.
-По 8 септември 1943 година се борел заедно со локалните партизански групи до неговата репатријација (јуни 1945).
-1942 година се оженил со Луиза Пиани Касели, со која ќе ја имале ќерката Лорета.
-1946 година – Започнува дејноста графички дизајнер и застапник на рекламни написи. Креира брендови и слики за индустриски и комерцијални компании.
1950 година-Во соработка со неговата сопруга, тој создаде линија на парафински абажури направени според древна процедура научена од руска принцеза протерана во Европа.Работи како графички дизајнер и агент на рекламни написи на Прато и Емполи.
Во 1994 година почина во Фиренца на 83-годишна возраст.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.