ДЛУМ: „Цртеж – Експериментален цртеж“ во „КО-РА“

58

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на 27 мај година ќе ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Галерија „КО-РА“ во Скопје.
Изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.
Цртежот е почеток на секоја идеја. Како најстара техника во уметноста, го негуваме, и предизвикуваме зачувување на иницијалната идеја, а низ експерименталност сакаме да поттикнеме кон свежа мисла. Третманот на техниката цртеж е индивидуален афинитет. Употребата на традиционалните материјали и пристап на изразување го почитуваме, а секој од нас во ова современо богатство на доживувања замислува и реализира крајна слика. Во повеќето дела претставени на оваа изложба се негува цртежот со едноставните алатки и материјали, јаглен, туш, молив, фломастер, но користени се и алтернативни материјали кои формираат цртеж и излегуваат во просторот на трета димензија, рефлектирајќи цртеж.
Во ова издание на програмската изложба ,,Цртеж, Експериментален цртеж” учествуваат 13 уметници: Жаклина Глигориевска кочоска, Марија Светиева, Ангелца Стоиљковиќ, Ацо Таневски, Златко Глигоров, Јасмина Новковска, Перо Кованцалиев, Валентина Илијевска, Стефан Младеновски, Зулејха Зубери Али, Маја Танева, Ненад Тонкин и Слободан Живковски.
Наградата за најдобар цртеж оваа година ДЛУМ ја доделува на Жаклина Глигориевска Кочоска за делото со наслов „Inevitable restart“.
Сите љубители на уметноста изложбата ќе може да ја разгледаат до 10.06.2022 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.