ДЛУМ со „Поместени граници“, изложба во Дом на АРМ

27

Друштвото на ликовни уметници на Македонија поканува на отворањето на седмото издание на изложбата „Поместени граници“ кое што ќе се одржи на 23.02.2023 година (четврток) во галерискиот простор во Дом на АРМ во Скопје со почеток во 19 часот.
Изложбата ,,Поместени граници” е дел од Годишната програма на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Оваа година кураторскиот концепт на изложбата го постави Уметничкиот совет на ДЛУМ, а темата е насловена „КАДЕ Е ГРАНИЦАТА…?“„
Поимот граница, асоцира на некаков вид физичка, замислена, природнa, вистинска, политичка или емотивна барикада која означува крај, а воедно и почеток на нешто ново поразлично структурно, емотивно и концептуално. Сведоци сме дека границите низ историјата се раѓаат, го достигнуваат максимумот, полека го губат значењето и на крај исчезнуваат, а потоа повторно се создаваат нови граници, кои имаат за цел да означат почеток на нешто ново, дистанцирајќи се од концептот од “другата страна”. Во уметноста границата во последно време го губи своето значење. Фактот што мултилатералниот и интердисциплинарен пристап на уметниците во конотација на техничката изведба и пристапот кон реализацијата и поставеноста на делата се повеќе е присутен, ја проширува границата или оди отворено без неа.Низ самиот процес на поместување на границата, уметникот, го поставува прашањето и поставува дилеми, постојат ли граници и КАДЕ Е ГРАНИЦАТА…? Дали ја чувствуваме? Дали доволно делуваме да ги срушиме границите? Нашата мисија како уметници е постојана.“
На изложбата учествуваат 22 автори членови на ДЛУМ и тоа: Марија Мицова Гацова, Јана Луловска, Татјана Миљовска, Ема Петрова, Борче Богоевски, Слободан Живковски, Иво Пецов, Шќипе Мехмети, Марија Чепишева, Златко Глигоров, Стефан Јакимовски, Ана Спасова, Петар Миљковиќ, Ангел Димовски Чауш, Ацо Таневски, Стефан Младеновски, Ѓорѓи Динев, Душан Георгиевски, Нела Јанковска, Златко Бојковски, Зулејха Зибери Али, Љупчо Бојаров.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 04.03.2023 година.
Изложбата се реализира со финасиска поддршка од Министерство за култура на Р.С.Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.