Изложба на Луан Мулиќи во Чифте Амам

26
На 6 септември 2022 г., во објектот Чифте амам, во 19 ч. ќе биде отворена изложба на скулптури на Луан Мулиќи, професор и член на Косовската академија на науките и уметностите.
Еротската уметност е широко поле во визуелните уметности, вклучително и скулптурата како уметничко дело, но и усната и пишаната култура воопшто. Еросот како тема, мотив или лајтмотив се јавува уште од Епските песни, со фигуративен слој, особено во народните лирски фолклорни песни, кои се познати како љубовни песни од сите краишта. Исто така, експлицитно се појавува и во романтичната литература, кај Де Рада (Песните на Милосао), подоцна кај Чајупи па сé до албанската модерна литература, Кутели и Миѓени, за да во современата литература се прошири во поезија, проза и драма.
Значи, во еротските теми, провокативни од уметнички, но и смели од професионален аспект, не само во една скулптура, туку и во неколку тематски скулптури, авторот се фокусира во истражување на еротиката и вклучува многу скулптури со описи на маж и жена во различни сексуални позиции, интерактивни во различни положби.
Многу уметници експериментирале и вршеле студии со кои сексот го претвориле во научна дисциплина, надминувајќи ги традиционалните предрасуди и табуа.
Оваа изложба доаѓа во време кога ваквите теми околу проблематиката на сексуалното образование недостигаат како наставни предмети во училиштата и, следствено, во недостиг на информации за сексуалното образование, зголемени се случаите на несакана бременост кај малолетничките, главно средношколки. Затоа, не ретко, социолозите, психолозите и уметниците го поставуваат прашањето за сексуалното образование. Ова станува итна неопходност во услови кога младите се соочуваат со незнаење (колку и како треба) за управувањето со нивното репродуктивно здравје.
Дали примерок на еротска уметност е нешто срамно или не, зависи од стандардите на јурисдикцијата и на заедницата во која се појавува.
Скулпторот Луан Мулиќи предлага да се користи зборот „еротски“ за да се опишат презентациите и претставите кои се, или барем од некои уметници се сметаат како, имаат значење „како“ сексуална активност.
Дефиницијата на Мулиќи за еротската уметност, е како уметност за сексуална тема која се поврзува особено со емоциите, а не само на сексуалните дејства и описи, кои се естетски оправдани. Сепак, иако неговиот акцент на емоциите е разбирлив од етимолошка гледна точка – терминот „еротски“ е изведен од грчкиот збор „ерос“ што значи љубов или страст.
Сликите во видливите инфилтрации на креативната индивидуалност дефинираат специфичен фигуративен концепт на ставот кон настаните, луѓето, историјата и еротиката сместени сите заедно во длабочините на бесконечниот простор.
Многу култури создале еротска уметност, меѓу најстарите преживеани примероци на еротски описи се сликите издлабени од палеолитските пештери. Тој ги истражува овие пештери каде се чуваат античките цивилизации, извлекувајќи од нив хиероглифи и симболи кои произлегуваат од духовната внатрешност. Во речиси целосна голотија, како што тоа го правеа Грците и Римјаните во прикажувањето на најочигледните вистини и на психологијата во нивните фигури.
1932 година, исто така, го видел Пикасо на врвот на својата слава, каде ја насликал својата најексплицитна сексуална работа, поттикнат од неговата страсна афера со младата 22-годишна Мари Тереза Волтер, која била негов модел. Тоа беше важна година во неговиот живот бидејќи музејот на Пикасо во Париз и Тејт Модерн во Лондон организираа изложба насловена “Love, Fame, Tragedy” („Љубов, слава, трагедија“) и ја оквалификуваа како еротска година на Пикасо.
„Сликањето е само уште еден начин да се води дневник“, рекол по тој повод Пикасо.
Осумдесет проценти од 300-те дела, кои ги создал Пикасо, ја претставуваат женската форма. Тие несомнено повеќе се однесуваа на сексот отколку со љубовта, каде што една деценија пред тоа на француски јазик било објавено и влегувањето на Фројд во психоанализата, но работата на Пикасо ја истражува двојноста на човечкиот ум. Многу од портретите што ги насликал во тој период биле визуелно поделени на два дела. Често се сликал себеси како кентаур или минотаур – получовек, полубик, каде што моќта на самото дело произлегува од тензијата помеѓу сензуалноста и насилството, животинското и божественото.
За продолжување на овој дневник и во текот на новиот милениум, се појавуваат многу светски уметници реагирајќи кон реалноста преку различни медиуми (техники) на еротската уметност. Еден друг и посебен начин се тематските и актуелните скулптури на скулпторот Луан Мулиќи, кои се одвиваат во полу-реални структури, каде машко-женската фигура гравира сè, сугерирајќи ни монументална димензија пронајдена дури и во случаи кога делата се со мали димензии. Овие скулптури не се состојат едноставно само во квалитетот на материјалот за да се прикаже индивидуална форма, туку местото каде што се конзервира еротската слика на цивилизацијата која сè уште се чека, а која честопати за да се идентификува го избира патот на уметноста.
Скулптурата е средство за прикажување на прогресивно поместување на сензибилноста. Менталната состојба и психолошката состојба се претопуваат во имагинација која делува врз фрагментацијата на визуелните податоци каде резултатот е внатрешна архитектура, која во себе ги собира сите дејства и емоции вклучени во проектот на делото.
Што и да претставуваат, овие скулптури носат различни сексуални сцени и позиции, славејќи ја еротската слобода како неопходен дел од човечкиот живот, а споредени со јасните сцени на водење љубов, овие скулптури носат уште посугестивен пристап кон еротската среќа.
Скулптурите на Луан Мулиќи истражуваат низа психолошки и емоционални состојби, а некои од неговите скулптури се посветени на истражување на сексуални феномени. Овие еротски скулптури често ги повикуваат гледачите да ги преиспитаат конвенционалните родови улоги и човечките сексуални односи.
Со силни визуелни референции и фокусирање на опипливите аспекти на неговите дела, Мулиќи ја предизвикува перцепцијата на гледачот за еротизацијата, па затоа неговото целокупно творештво го придружува потрагата за по маестрална форма.
„Сакав да го користам моето тело како материјал и да манипулирам со него. Размислувам да одам во студио и да се впуштам во акција. Понекогаш се случува таа акција да створи нешто, а во други случаи делото се состои од самата активност“. Брус Науман
Зени Балажи
Приштина, април 2022 година
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.