Меѓународна уметничка изложба на „ААмА“ во КИЦ– Битола

53
19 -тата меѓународна уметничка изложба на „ААмА“ во КИЦ– Битол



Ликовната есенска сезона во ЈОУ
Културен информативен центар – Битола – Офицерски дом, ќе биде
збогатена со презентација на 19 -то издание на големата меѓународна ликовна изложба „ ААМА“.
„ААМА“ на своето интерконтинентално патување ќе биде изложена во светските галериските простори во познатите центри во Европа, Африка, Азија и Америка. Изложбата доби поддршка и
одговор од уметници од повеќе од 80 земји, интерес што го мотивираше изборот на 120 уметници.
Во подготовката, селекцијата, кураторството и многу други активности учествуваа голем број на  истакнати ликовни уметници, куратори, ликовни критичари, културни работници од голем број земји како: Марија де ла Вега – Аргентина, Марио Квадрароли и Марио Диеголи и професорот Ренато Галбусера – (Италија), Мартин Кенеди (Сејшели), Валерио Вивијан (Венеција), Мартин Бредли (Велика Британија) и Мухамед Ројана (Тајланд), Теја Лами (Финска), Јорис Брантуас (Монако), Владо Горески и Лили Бошевска (Македонија), Филип Читарини (Франција), Арлиндо Арес (Португалија).
Изложбата е уникатна тематски, по бројот на застапени уметници, техниките кои се користени, времетрањето, географската застапеност и секако по благородната идеја и порака која ја пренесува
оваа светска изложба. Со вернисаж презентирањето на оваа значајна изложба, ЈОУ Културен и информативен центар – Битола ја интезивира својата меѓународна ликовна соработка и го етаблира Офицерски дом како галериски простор со сериозни ликовни можности и меѓународна препознатливост.
Воедно овој преглед ќе биде дел од меѓународните прегледи на истата изложба кои се случија и ќе се
случуваат во најистакнатите ликовни центри: Аргентина, Португалија, Шпанија, Италија, Франција, Македонија, со завршна изложба на почетокот на 2023 година во Пекинг – Кина.
Следната година Битола преку преку овој настан ќе биде носител на главниот проект кои истотака , понатаму ќе биде дистрибуиран во значајни ликовни центри во светот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.