Во рамки на „Јазикот коски нема, но коски крши“- проектот на визуелната уметница Ивана Самандова во поддршка на Mинистерство за Култура на Република С. Македонија и Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, на објектот на Националната Установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп се реализираше мурал изработен од уметницата, придружена од уметниците Методи Исков и Александар Џинго.
Фокусот на муралот е пренасочен на величината на Марко Цепенков, како една од најистакнатите фигури во македонската историја и култура. Идејата зад муралот е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство.
Проектот цели кон избегнување на централизираноста на културата и уметноста во само еден град, а соработката помеѓу Центарот за Култура во Прилеп и локалните уметници е стремеж кон визуелно осовремување и освежување на објектот, создавајќи ликовна композиција која корелира со предизвикот и играта на архитектурата.