Националната галерија ја остварува својата годишна пограма

760

Националната галерија затекната во услови на светска криза на културна промоција сепак направи презентации на ремек-делата од нивната Колекција со различен тематски пристап. Кон реализацијата  ена програмските содржини с епристапува поразлично со одредени измени поради спецификата на дејноста на галеријата а воедно водејќи сметка за јавното здравје и задолжителната социјална дистанца.

Програмскиот циклус Националната галерија го почна на 22 јуни со проектот под наслов „Пејсажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски , инсталација во просторот на Чифте амам која ќе се „гради“ во текот на јуни и јули. Поради неможност на физичко присуство целиот процес на поставување ќе биде прикажан на социјалните мрежи на Националната галерија.

 

Останатите програмски содржини за 2020 година се планираат со следната динамика:

Ретроспективна изложба на Решат Амети предвидена за септември/октомври во Даут пашиниот амам (куратор Горанчо Ѓорѓиевски).

Нареден проект на вишиот кустос Ана Франговска планиран за ноември во објектот Чифте амам е изложбата на Моника Мотеска Под наслов „Везење во камен“.

 

Воедно, Националната галерија става акцент на новите концепти за два проекта. Станува збор за конкурси кои ќе бидат отворени до 20 јули 2020 година.

Последниот проект планиран за крајот на 2020 година е јубилејната изложба по повод 90 години од раѓањето на Иван Велков.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.