Отворена нова изложба во Чифте Амам

19

Изложбата со наслов „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката беше отворена на 12 март 2024 година, во Чифте амам во соработка со австриската амбасада. Изложбата ја истакнува улогата на жената во обликувањето на светот во изминатите 200 години. Преку прикажување на биографии на значајни австријки, има за цел да го исправи историското маргинализирање на женските достигнувања, препознавајќи ги нивните таленти, решителност и придонес.

Опфаќајќи го периодот од 19 век до денес, изложбата ги истражува животите на различни жени, вклучувајќи аристократки, уметнички, научници, активистки и политичарки, прикажувајќи ги нивните предизвици и достигнувања во борбата за еманципација.

И покрај тоа што го признава прогресот на правата на жените, изложбата сепак се осврнува и на тековните предизвици и потребата за вистинска еднаквост. Посетителите се поканети да размислуваат за клучната улога на жената во обликувањето на идентитетот на една земја, нејзината култура и наука.

Во концептот на проектот, Националната галерија во изложбата ги вклучи и биографиите на значајните македонски жени-уметнички, визионерки кои ги користеа своите четки за сликање како инструменти за промена, надминувајќи ги општествените бариери и создавајќи простор за себе во уметничкиот свет доминиран од мажи.

По отворањето на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“ во соработка со австриската амбасада, во доменот на дипломатска културна соработка се случи уште еден настан.

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA – Италијанската трговска агенција, ја завземаа културната сцена со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн. Настанот, кој годинава е под мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за одржливост што го тераат светот да размислува напред.

Чифте амам e локацијата на свеченото отворање на Деновите на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнина од првото издание на Пинoкио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот.

Националната галерија е првата дестинација откако Музејот за дизајн ADI на италијанската публика ја понуди можноста да ужива во поставката, во периодот од 30 ноември па се до 4 февруари 2024. По 28 март овој исклучителен проект заминува за Сан Франциско во Соединетите Американски Држави.

„Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во дизајнот и модата“ – стои во изјавата на организаторот.

Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање во рамките на уметноста, меѓународниот дизајн и модата. Оттука, како признание за втемелени општествено одговорни културни практики, амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри го врачи признанието “Витез на Редот Ѕвезда на Италија” на директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими. Орденот го доделува претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на министерот за надворешни работи.

Културата е архитект кој гради цврсти мостови а Чифте амам е жешката точка на промоција на културната дипломатија и соработка.

Изложбата ја истакнува улогата на жената во обликувањето на светот во изминатите 200 години. Преку прикажување на биографии на значајни австријки, има за цел да го исправи историското маргинализирање на женските достигнувања, препознавајќи ги нивните таленти, решителност и придонес.

Опфаќајќи го периодот од 19 век до денес, изложбата ги истражува животите на различни жени, вклучувајќи аристократки, уметнички, научници, активистки и политичарки, прикажувајќи ги нивните предизвици и достигнувања во борбата за еманципација

И покрај тоа што го признава прогресот на правата на жените, изложбата сепак се осврнува и на тековните предизвици и потребата за вистинска еднаквост. Посетителите се поканети да размислуваат за клучната улога на жената во обликувањето на идентитетот на една земја, нејзината култура и наука.

Во концептот на проектот, Националната галерија во изложбата ги вклучи и биографиите на значајните македонски жени-уметнички, визионерки кои ги користеа своите четки за сликање како инструменти за промена, надминувајќи ги општествените бариери и создавајќи простор за себе во уметничкиот свет доминиран од мажи.

По отворањето на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“ во соработка со австриската амбасада, во доменот на дипломатска културна соработка се случи уште еден настан.

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA – Италијанската трговска агенција, ја завземаа културната сцена со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн. Настанот, кој годинава е под мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за одржливост што го тераат светот да размислува напред.

Чифте амам e локацијата на свеченото отворање на Деновите на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнина од првото издание на Пинoкио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот.

Националната галерија е првата дестинација откако Музејот за дизајн ADI на италијанската публика ја понуди можноста да ужива во поставката, во периодот од 30 ноември па се до 4 февруари 2024. По 28 март овој исклучителен проект заминува за Сан Франциско во Соединетите Американски Држави

„Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во дизајнот и модата“ – стои во изјавата на организаторот.

Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање во рамките на уметноста, меѓународниот дизајн и модата. Оттука, како признание за втемелени општествено одговорни културни практики, амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри го врачи признанието “Витез на Редот Ѕвезда на Италија” на директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими. Орденот го доделува претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на министерот за надворешни работи.

„Ordine della Stella d’Italia“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Воедно, Старова Ќерими четири пати беше комесар на националниот павилјон на престижниот светски саем на уметноста – Венециско биенале и добитник на наградата „13 Ноември“ во 2019 година за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.