Отворен е повикот за наградата ДЕНЕС

6

Повикот за наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во С. Македонија до 35 години која подразбира двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited и дополнителни новини и резиденции е отворен од денес, 16 април и ќе трае до 31 мај 2024 година.
Наградата ДЕНЕС овозможува и уникатно искуство на уметниците да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност насловен „Совршениот уметник“, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да продуцираат ново дело, во рамки на изложба како финалисти на наградата.
Оваа значајна и независна награда, која се доделува по осумнаесетти пат во земјава, во 2023 година го одбележа и своето 20 годишно постоење.
Отворениот повик наградата ДЕНЕС 2024 го објавуваат Oрганизацијата Факултет за работи што не се учат– ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA) Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.