Величествена изложба на Цветин за 77 години на UNICEF

38

На 11 декември 2023 година во Скопје се случи еден значаен настан со светски префикс, поради изложбата што уметникот и хуманист Живко А. Поповски- Цветин ја направи по повод 77 години на UNICEF, со поставување на 77 цветни цртежи, но и по повод 78 години од донесување на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, 75 години од Декларацијата за човекови права и слободи, и 40 години од почетокот на своето Цветно творештво.


(Фото: На.Ѓ.Парго)
На отворањето на овој свечен настан во Кинотека на Република Македонија, говор одржа професор Јордан Плевнеш, ректор и член на Европската академија на науките и на уметностите, поранешен амбасадор во Франција и УНЕСКО, познатата поетеса Лилјана Стоилковска, а со музички нумери во чест на славеникот настапија баритонот Борис Трајанов, кој воедно е и амбасадор на мирот на УНЕСКО, во пијано придружба Дарко Мариновски, оперската пејачка Серафина Фантаузо, поп легендата Драган Мијалковски и група млади музичари. А квартет со ученици од ДМБУЦ Илија Николовски- Луј, Божана, Илија, Никола, Александар се претставија со две пиеси од А. Пјацола како вистински професионалци.
Потврда за големината на нашиот славен уметник- хуманист и неколкукратно кандидат за Нобелова награда за мир, беше присуството на голем број поети, поетеси, уметници, ученици, професори, посетители.
И во оваа прилика, уметникот додели и неколку Цветинови награди за мир- за децата од играчката “Другарче” при Градската библиотела “Браќа Миладиновци”, на Универзитетот Прима Европа, на чие чело стои Јордан Плевнеш, на оперската певица Серафина Фантаузо, на средното училиште “Јахја Кемал”, на средното
музичко училишт “Илија Николовски Луј” и на Основното училиште “Петар Поп Арсов”, на пилотот Стево Стефановски и на професорката д-р Весна Илиевска Дамчевска.

Фото: Митко Јанев.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.