Венециско биенале: “Странци насекаде”

8

Последните подготовки за отворањето на македонскиот павилјон на 60. Венециско биенале, со проектот “Inter Spem et Metum” на уметничката Славица Јанешлиева во објектот Scuola dei Laneri, привршуваат, а официјалното отворање ќе биде на 18.04.2024, четврток, во 18.00 часот. Овогодинешното биенале го курира Адриано Педроса, а генералната тема е „Странци насекаде.“

Генералии за павилјонот:

Проект: “Inter Spem et Metum”

Уметник: Славица Јанешлиева

Носител на проектот: НУ Национална галерија на Република С. Македонија

Комесар: Д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија

Куратор: Д-р Ана Франговска, кустос советник во НУ Национална галерија

Поддржано од: Министерство за култура на Република С. Македонија

Локација: Scuola dei Laneri

Концепт

Mожеме ли зборот „убавина“ да го замениме или израмниме со зборовите почит, слобода, љубов, толеранција, прифаќање? Можеме ли да прифатиме некого поради сето она што тој/таа/тоа е и затоа што го познаваме суштински?

Трансмедијалниот и транснаративен проект “INTER SPEM ET METUM” на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која не флра во цивилизацискиот дебрис на еден мошне сензитивен и бајковит начин. Низ повеќедимензионални медиумски платформи и материјали, како пердуви, лед-неонски натписи, проекции, огледала, Јанешлиева не впушта во неколку концептуално-наратолошки матрици каде не соочува со чувството да си странец и тоа оној кој е насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас. Поточно таа не соочува со прифаќањето или неприфаќањето на одвоените кфалификативи од оние на мноштвото, без оглед дали различноста се базира на полот, сексуалната определба, изгледот, појавата, однесувањето, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување…

Не соочува и со чувството на самостигматизација, автоцензура, самокритика, заради наметнатите очекувања.

Сепак, да се биде различен носи потенцијал и за трансформација. Исто како и во природната селекција, мутацијата ја зголемува веројатноста дека ќе се случи или неуспех во адаптацијата или дека се појавила нова варијанта која е посупериорна од она што било претходно. Или некој би можел да ја објасни трансформативната моќ на различното како што произлегува од психолошката болка и страдање кои се различни причини од кои може да се црпи инспирација и мотивација за издигнување над осудата и острацизмот што различноста од другите ги предизвикува.

Од секој од нас зависи да го најдеме својот пат до нашиот внатрешен лебед.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.