17 октомври 1878-Започнало големото Кресненско востание на македонскиот народ против Османлиската власт

1113

Започнало Кресненско востание  на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев-Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓалa османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година.

Македонското востание (во македонската историографија познато под името Кресненско востание, а во бугарската историографија познато под името Кресненско-разлошко востание) е востание на македонскиот народ против отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878  година во селото Кресна , во долината на реката Струма во Пиринска Македонија .

Димитар Поп-Георгиев Беровски (Берово,1840-Долна Граштница,1907) бил македонски национален деец и револуционер . Основно образование завршил во Берово а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби противграчите фанариоти , со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.

Во Солун  заедно со македонската патриотска интелегенција формира кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт. Бил главен организатор на Разловечкото востание , а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Кресненското востание  (1878), при што бил избран за началник на Востанички штаб.

Воедно бил и иницијатор за обнова на Охридската Ахиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан , кои во 1874 година ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската,кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан. По неуспехот на востанието се префрлил во Ќустендил, каде живеел и работел се до својата смрт на 19 декември 1907 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.