18 ноември 1874 -Роден Крсте Петков Мисирков -значајна личност во македонската национална афирмација

1129

На 18 ноември 1874 година е роден Д-р Крсте Петков Мисирков-македонски лингвист,историчар,фолклорист,етнограф,публицист и политички борец за македонската национална афирмација.

Тој е и  собирач и проучувач на македонското народно творештво  и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт петесбург,Одеса и Софија ,раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието “Вардар“  и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.