24. октомври 1945 – Основана Организацијата на Обединети Нации-ООН

1788

На 24 октомври 1945 година , стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации , која заедно со Статутот на Меѓунарониот суд ,претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“.

Оргнизацијата што и претходела е Друштвото на народите основана во 1919 год. Седиштето на ООН се наоѓа во Њујорк, САД . Во неа моментално членуваат 192 држави.

Со исклучок на Ватикан (која е единствена држава постојан набљудувач), сите меѓународно признати и независни држави се членки. Членството на Обединети нации е отворено за сите мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските на Повелбата на Обединетите нации и според оценката на организацијата, се способни и имаат желба да ги исполнат тие обврски.Генералното Собрание го одредува приемот по препорака на Советот за Безбедност.

Името „Обединети нации“ го дал Френклин Рузвелт за време на Втората светска војна како групна референца за сојузничките сили. Првата формална употреба се наоѓа во Декларација на Обединети нации од 1942 година која ги обврзала сојузниците кон принципите на Атлантскиот пакт и ги обврза да не бараат посебни мировни преговори со Силите на Оската. Името било пренесено на новата организација која била воспоставена од победниците на војната во рамки на одредбите на Атланскиот пакт и други договори.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.