25 јуни 1934- Роден Петре М. Андреевски еден од најдаровитите македонски писатели

1104

Петре Мито Андреевски  роден во неговата Слоешница, Демирхисарско на 25 јуни 1934-тата година. После многу создадени дела во македонската литература си замина од овој свет на 25 септември 2006-та година. Тој је македонски поет, писател, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни,  темни кажчестопати и темни кажувања.

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски … итн. Во 1984 и 2002-ра година биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома.

Негови стихозбирки се :Јазли (1960), И на небо и на земја (1962), Дениција (1968), Дални наковални (1971),Пофалби и поплаки (1975), Вечна куќа (1987), Лакримариј (1999),

Книги со раскази му се: Седмиот ден (1964), Неверни години (1974), Сите лица на смртта (1994), Боеми (постхумно). Романи, ненадминливиот во македонската романопишувачка елита неговиот Пиреј (1980), Скакулци (1983), Небеска Тимјановна (1988), Последните селани (1997), Тунел (2003), Бежанци кој е издаден постхумно.  Книгата драми (1984), во која се сместени, Време за пеење и Богунемили ! Есеите насловени како Сегашно минато време (2006) како и ненадминливите стихозбирки за деца: Шарам барам и Касни порасни (сликовница)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.