30 октомври 1890- Првите почетоци на училишта на македонски јазик во Охрид

643

Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.

Високата порта или само порта  е термин со кој се означувал дианот  во Отоманското Царство, во кој се спроведувала отоманската политика. Терминот се користил во дипломатски контекст од страна на западните земји, бидејќи нивните дипломати биле буквално пречекивани пред портите на диванот. За време на Хуриетот , функциите на диванот биле заземени од страна на поети од императорската влада и портата започнала да се нарекува како Министерство за надворешни работи.

Македонски јазик — јужнословенски јазик , дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија , а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово . Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија,Грција,Канада,САД,Црна Гора ,Турција , во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според ценетиот јазичарички извор Etnologue , македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија и Северна Грција , но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC , Британика и УНЕСКО.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.