5. јануари 911 година- Се упокоил Свети Наум Охридски Чудотворец-Човекот допрен од Господа

694

5. јануари 911 година- Се упокоил Свети Наум Охридски Чудотворец-Човекот допрен од Господа. Сети Наум е еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета.

Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството , тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј . Со нив, тој учествувал во Моравската мисија , а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во Бугарското Царство аи с еприклучил на Преславската книжевна школа а подоцна заминал за Охрид во Македонската земја , каде го поминал остатокот од својот живот, каде му се приклучиКлимент л на св. во работата на Охридската книжевна школа .

Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа , каде работел како учител од 886 до 893 година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата Кирил и Методиј , во 893 година , кога Климент бил назначен за словенски епископ , на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во 900 година се повлекол во манастирот посветен на свети Архангел Михаил. Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко  братство.

Познато е дека се занимавал со литературна дејност , но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик , се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. На св. Наум Охридски му се припишуваат делата:

– Канонот на апостолот Андреј и

-Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.