8 мај. 1886 -Фармацефтот Џон Стит Пембертон ја измислил “Кока Кола“

1010

8. мај 1886- Фармацефтот Џон Стит Пембертон  го  измислил газираниот пијалок подоцна наречен  “Кока Кола“

Кока-Кола ( Coca-Cola) е газиран безалкохолен пијалок, кој се продава во продавниците, рестораните или во автоматите низ светот. Компанијата тврди дека се продава во повеќе од 200 земји. Се произведува во компанијата „Кока-кола“ во Атланта , и често ја нарекуваат само Кока или (во Европа и Америка ) само Кола и Поп. Во почетокот, кога била измислена во 19 век од Џон Пембертон , била наменета да биде лек, но по ова била откупена од еден бизнисмен по име Аса Григс Кендлер, кој со помош на маркетинг тактики во текот на 20 век, ја донел до денешната доминација на светскиот пазар на безалкохолни пијалаци. Во  2009 година, кока-колата која била произведена Македонија  била прогласена како најдобра кока-кола во целиот свет.Компанијата произведува концентрат, кој понатаму се продава на лиценцирани Кока-кола произведувачи низ светот. Произведувачите кои имаат ексклузивни територијални договори со компанијата, произведуваат готови производи во лименки или шишиња направени од концентратот во комбинација со филтрирана вода и засладувачи. Тогаш, произведувачите ја продаваат, дистрибуираат и рекламираат Кока-кола во лименки и шишиња во продавниците и автоматите. Во таквите произведувачи спаѓаат и т.н. „Кока-кола претпријатија”, кои се најголем произведувач на Кока-Кола во Северна Америка и Западна Европа. Исто така компанијата „Кока-кола” продава и само концентрат во големите ресторани и сендвичари.

Компанијата „Кока-Кола“ има и други кола производи под брендот Кока. Најпозната од нив е Диетална Кока , која станала најпозната диетална кола. Но, постојат и други, вклучувајќи ги Безкофеинска Кока-кола, Кока-кола со цреши, Кока-кола зиро, Кока-кола ванила, а има и специјални изданија со жолт лимон, зелен лимон или кафе.

Елена Максимовска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.