8 септември 1991- Ден на независноста на Македонија

1412

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собирале на плоштар Македонија во центарот на Скопје. каде Македонското радио организирала свеченост насловена „Глас за Македонија“ со настап на стотина естрадни ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читале извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.

Идниот прв претседател на Република Македонија ,Киро Глигоров , се обратил кон македонскиот народ со историскиот говор

Денот на независноста како државен празник е неработен ден во МакедонијаНародот традиционално оди на излети во познатите излетнички места.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.