Први мај – Меѓународен ден на трудот 

1039

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

мај 1886 г. во Чикаго

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, била  употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората Интернационала  на својот оснивачки конгрес во 1889 год. донесла декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Први мајски празник на османлискиот период во Скопје, 1909 година.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа и дружење на народот.

Во последниве две години има организирани Синдикални маршеви на самиот ден со цел свртување на вниманието кон неправдите врз работниците, посебно во приватниот сектор и се поголемата сиромаштија меѓу народот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.