Што се случувало низ светот на 21 март

1418
21 mart

21 март – 80-тиот ден во годината, сметано по Грегоријанскиот календар. Од овој ден има уште 285 дена до крајот на годината.

Астролошки, е ден после крајот на рибите , со прва полна месечина и знак во Овен. Тој е познат што по некои пресметки е прв ден во астролошката година.

Дека денот на раѓање го определува карактерот и професијата на личноста е докажано. Многумина што го истражуваат тоа велат дека на овој ден се раѓаат познати актери, политичари и спортисти ,затоа што самиот ден претставува микс на пасии и предизвици и со самото тоа го одредува идентитетот на личностите родени на овој ден.

21 mart

Многу познати луѓе на светско ниво се родени на 21 март.Меѓу нив се .Jair Bolsonaro, 63. (Политички лидер) Бразил, Gary Oldman, 60. Matthew Broderick, 56. Scott Eastwood, 32. Ronaldinho, 38. (Бразилски фудбалер) . Adrian Peterson, 33. (Американски фудбалер) Antoine Griezmann, 27. (фудбалер) Ayrton Senna, 34. (Бразилски возач на Формула 1)

 

Верувања

Четвртокот 21 март во 1968 година бил четврток, во знакот на почеток на  Овен,токму како оваа година. Претседател на САД бил Линдон Џонсон..Се случила голема обвинителна пресуда. Кај Американците оттогаш важи верувањето „,Ако 21 март е во четврток вратете го назад или преспите го “! Ние нема да го преспиеме туку во нашиов меридијан ќе почнеме нешто ново.

 

Што се случувало низ светот на 21 март

1413- Хенри V станува крал на Англија

1829-Во големиот земјотрес што ја погоди Шпанија загинаа 6000 луѓе

1918-Прва Светска Војна-Започнува познатата Втора битка кај реката Сома.

1960-Во Јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз деминстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони на земјата. Биле убиени 69 луѓе а ранети над 200. Во спомен на овој трагичен настан Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на дискриминацијата.

21 mart

1963-Затворен злогласниот затвор Алкатраз

1977 Индиската премиерка Индира Ганди поднесе оставка на функцијата.

1990-Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република

1994-Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост во Светската организација на интелектуална сопственост.

2000-Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле II допатувал во прва официјална посета на Израел.

2014-Крим влегува во состав на  Руската Федерација по Референдумот од 16 март истата година, каде огромно мнозинство од народот искажало поддршка за отцепување од Украина и припојување кон Русија.

Македонија го обележува и празнува како Ден на пролетта и Ден на екологијата ! За многумина најубавиот ден во годината,  денот на пролетта, денот на будењето на новиот живот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.